20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Зошто САД треба да престане да го игнорира проблемот...

График на денот: Зошто САД треба да престане да го игнорира проблемот со долгот?

Според повеќето мерки, изгледите за економијата на САД се добри. Растот на бруто домашниот производ може да надмине 4% во второто тримесечје, невработеноста е на најниско ниво во последниве десет години, а платите растат, пишува „CNBC“.

Сепак, други бројки ја покажуваат потемната слика – оние за американскиот национален долг. Бруто федералниот долг на земјата е околу 21,2 илјади милијарди долари. Економисти и политичари ги зголемуваат повиците кон американските власти да се обрне внимание на долгот сега, кога економијата е на стабилни основи и не е зафатена од следната криза.

„Дури и да сметаме дека државниот долг не е од значење за презентација на економијата, мора да признаеме дека со појавата на криза, владите не се подготвени да преземат значителни чекори, ако долгот е толку висок колку што е нашиот во моментов“, вели Џаред Бернштајн, соработник во „Center on Budget and Policy Priorities“.

Во јуни буџетската комисија во Конгресот соопшти дека федералниот долг, во сопственост на луѓето, ќе се зголеми од 78% од БДП-то на крајот на оваа година и до 96% во 2028-ма година ќе биде на највисоко ниво од 1946-та година. Авторите на извештајот предупредија дека таков висок и растечки долг поради повисоките трошоци и пониските приходи би имал „сериозни негативни последици за буџетот и за земјата“.

„Зголемувањето на долгот го отежнува стимулирањето на економијата со цел генерирање на раст“, вели Соња Гибс, директор во „Capital Markets“ и на одделот „Капитални пазари и политика кон новите пазари“ во „Institute of International Finance“.

САД не се единствената земја во светот со вртоглав долг. Во април Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изрази загриженост за глобалниот долг, истакнувајќи дека соодносите меѓу долгот и бруто домашниот производ во развиените економии е на нивоа невидени од Втората светска војна, па наваму.

Гибс забележува дека е лесно за инвеститорите да го игнорираат јавниот долг на краток рок.

Но, ММФ предупреди дека сега е време за инвеститорите и политичарите да обрнат внимание на зголемениот долг, конкретно укажувајќи на САД. Фондот соопшти дека даночната реформа и договорите за зголемување на трошоците значат дека САД ќе бидат единствената развиена економија во која односот помеѓу долгот и БДП-то ќе расте во наредните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП