29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMastercard очекува повисоки годишни трошоци отколку прелиминарните планови

Mastercard очекува повисоки годишни трошоци отколку прелиминарните планови

„Mastercard“ успеа да ги надмине нејзините очекувања за профит за вториот квартал, но компанијата ја зголеми прогнозата за годишните трошоци со што цената на нејзините акции забележаа пад од 3% пред почетокот на вчерашната трговијата во САД, пренесува „Ројтерс“.

Сега компанијата очекува оперативните трошоци да нараснат со околу 16-18% во текот на годината во споредба со претходната прогноза за околу 14-15%.

Оперативните трошоци на „Mastercard“ пораснале за 23,5% до 1,73 милијарди долари во вториот квартал, што заврши на 30-ти јуни, додека компанијата продолжува да инвестира во безбедност и дигитални производи.

„Mastecard“ која обработува над 65.000 трансакции во минута, тврди дека бруто доларскиот обем се зголеми за 15,3% до 1,48 илјади милијарди долари во кварталот. САД, кој е најголемиот пазар на компанијата, донесе околу 30% од износот.

Волуменот, реализирани зад граница – вредноста на трансакциите направени од корисници на картичките во странство, се зголемиле за 23,6% на база на американскиот долар.

Нето добивката скокнала за 33 отсто до 1,57 милијарди долари, или 1,50 долари по акција, во кварталот, кој заврши на 30-ти јуни.

На приспособена база компанијата има заработено по 1,66 долари по акција, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите за 1.53 долари, посочува „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Вкупните приходи се зголемија за 20% до 3,67 милијарди долари, надминувајќи ги очекуваните 3,65 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП