21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна и Leaf Nismo (фото+видео)

Пристигна и Leaf Nismo (фото+видео)

Љубителите на јапонски спортски автомобили добро знаат што претставува ознаката „Nismo“, која „Nissan“ ја користи за своите возила со високи перформанси, како што се „GT-R“, „30Z“.

„Nisѕan“ има и подобрени верзии на моделите „Juke“, „Micra“ и „Note“ кои се со знакот на „Nismo“, a oвој бренд сега го има и електричниот „Leaf“.

„Leaf Nismo“ се истакнува со 18-инчни алуминиумски бандажи и спортски гуми, спуштени прагови, преработен електричен-систем за управување, аеродинамични детали…

Тука се и новите браници, новата предна маска, „LED“ дневните светла, како и кожата и алкантара на менувачот, инструментите, тапацирот, а се дополнително е „накитено“ со знаците на „Nismo“.

За жал, „Nissan Leaf Nismo“ моментално е достапен само за јапонскиот пазар, но не е познато дали ќе се појави и на останатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП