19 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоследна летна распродажба по најниски цени во Скопје Сити Мол

Последна летна распродажба по најниски цени во Скопје Сити Мол

Центарот на шопингот, модата и забавата – Скопје Сити Мол, ја започна големата летна распродажба со најголемите финални попусти на летните колекции, овој пат сред летната сезона!

Последната летна распродажба ќе трае сѐ додека не се потрошат залихите, а сите посетители ќе можат да уживаат во купување по намалени цени дури и до -70% на модните колекции кои го одбележаа ова лето. Повеќе информации за попустите и за понудите можете да видите на фејсбук фан страната на Скопје Сити Мол како и да прoчитате на  http://skopjecitymall.mk/lms/.

“Last Minute Sale распродажбата ја организираме 2 пати во годината, а посетителите веќе го препознаваат периодот на попусти и со нетрпение го очекуваат. Оваа година одлучивме пријатно да ги изненадиме и да ја организираме распродажбата на летните колекции за време на летната сезона, а не кон крајот на летото како секогаш. Сите посетители ќе можат да ги купат најновите летни колекции по убедливо најниски цени од реномираните светски и локални брендови собрани на едно место“. – изјавија од маркетинг секторот на Скопје Сити Мол.

Посетете го Скопје Сити Мол, уживајте во позитивна атмосфера и искористете го најголемиот сезонски попуст! Ве уверуваме дека задолжително ќе си го освежите гардероберот со парчиња облека кои ги посакувате цело лето, сега по најниски цени!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП