16 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle, Facebook, Microsoft и Twitter заедно до полесен пренос на податоци

Google, Facebook, Microsoft и Twitter заедно до полесен пренос на податоци

Четирите најголеми технолошки компании се здружија со цел на корисниците да им овозможат полесно примање, како и испраќање на податоци помеѓу нивните сервиси.

Имено, „Google“, „Microsoft“, „Facebook“ и „Twitter“ најавија дека на 20-ти јули го стартуваат „Transfer Project“ (DTP) – „open-source“ иницијатива која служи за креирање алатки кои им овозможуваат на корисниците полесно да управуваат со своите податоци, што создава простор за отворен дијалог со програмерите и корисниците, што е еден од условите работите да се движат во подобра насока.

„DTP“ ќе функционира со помош на серија адаптери кои ќе ги поделат „API“ во лесно разбирливи пакети на податоци, а адаптерите ќе доаѓаат во две форми: како адаптери за „увоз“, како и оние за „извоз“ на податоци, но и оние за проверка чија задача ќе биде да обезбедат безбедност на податоците. Во теорија тоа значи дека некој корисник своите „Instagram“ фотографии ќе може да ги испрати на „Flickr“ или на „Google Photos“, а да не мора претходно да ги пренесе на својот уред, за потоа да ги постави на нова платформа. Кога ќе биде завршен, новиот систем би требало да покрива различни типови на податоци, вклучувајќи електронски пораки, контакти, потсетник, т.е. распореди.

„Transfer Project“ се уште е во фаза на развој, па не е достапен за јавноста, а најавата ја следи и примената на „GDPR“ регулативата во Европската унија, што е во склад со барањата сите компании да обезбедат некаков вид на алатка за првземање на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП