23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема туристи кои не возат во папучи, а за тоа во Грција...

Нема туристи кои не возат во папучи, а за тоа во Грција се плаќа дебела казна

Во Грција, според законските прописи, за возење со папучи предвидена е казна од 50 евра, но полошо од тоа е што полицијата поради овој прекршок може да ви ја одземе возачката дозвола на еден месец.

Ова е особено непријатно за сите наши туристи кои патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.

Возењето во папучи или отворени обувки е забрането бидејќи може да му отежнува на возачот за време на маневрирањето, а полицијата освен на главните патишта, ги контролира и приодите на плажите.

Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува за алкохол, за појас и пушење во возилото во присуство на деца, објавија грчките медиуми.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП