23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: За 24 часа Јувентус продаде дресови на Роналдо за...

График на денот: За 24 часа Јувентус продаде дресови на Роналдо за 60 милиони долари

Торино е опфатен од манијата околу Кристијано Роналдо. По девет години во Реал Мадрид, суперѕвездата на Португалија се пресели во Јувентус за 129,3 милиони долари.

Иако ужива огромен успех во текот на годините, трансферната сума беше изненадување поради возраста на Роналдо – 33 години, коментира „Statista“. Дури, тој призна дека „фудбалерите на негова возраст обично одат во Катар или Кина“ и се заблагодари на Јувентус дека му ја дава оваа можност.

Како еден од најпознатите и успешни спортисти, Роналдо продолжува да привлекува фанови, а Јувентус сигурно заработи значителна финансиска поддршка, потпишувајќи со него. Акциите на италијанскиот клуб се зголемија за 40% по веста за трансферот, а каналите на социјалните мрежи привлекоа 1,5 милиони нови следбеници само за еден ден.

Роналдо почнува да го исплатува трансферот, и покрај тоа што тој дури и не настапи за тимот. Во првите 24 часа, откога Јувентус го пушти во продажба дресот со неговото име, биле продадени 520.000 дресови за вкупен износ од 62,4 милиони долари, што е половина од трансферната сума, посочува „Business Insider“.

Фудбалските клубови обично добиваат меѓу 10 и 15% од приходите кои производителот ги генерира од продажба на рекламни стоки, што значи дека Јувентус најверојатно ќе заработи околу 9 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП