27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТоп 5 кинески смартфони до 200 долари

Топ 5 кинески смартфони до 200 долари

Летните емоции не треба да ви го одвлекуваат вниманието од правењето добри зделки на пазарот. Кинеските производители на паметни телефони дефинитивно имаат „хитови“ во нивните серии на производи. Денес ние ќе ви понудиме 5 модели кои можете да ги купите за околу 200 долари.

1. Xiaomi Redmi Note 5

„Redmi Note 5“ е опремен со моќен „Qualcomm Snapdragon 636“ во конфигурација со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија. Исто така постои и верзија со 4/64 GB. Екранот има 5,99-инчна дијагонала, „IPS“ и резолуција од 1.080 x 2.160 пиксели (FHD +).

„Note 5“ доби двојна задна камера, 12-мегапикселна главна, проследена со 5 мегапикселен сензор за создавање на ефектот „Boke“. Предната камера е 13 мегапиксели.

Паметниот телефон доаѓа со 4.000 mAh капацитет на батеријата.

2. Nubia Z17 Lite

Друг интересен модел е „Nubia Z17 Lite“. Тој располага со 5,5-инчен дисплеј „Full HD“ и моќен 8-core процесор од „Qualcomm – Snapdragon 653“ со поддршка 6 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија.

Задниот панел има двојна камера, со двоен „LED“ блиц и способност за 4К снимање. Предната камера е од 16 мегапиксели.

Смартфонот има батерија со капацитет од 3.200 mAh.

3. Lenovo S5

Овој модел е опремен со 5,7-инчен екран со сооднос од 18: 9 и резолуција од 2.160 x 1.080 пиксели. Куќиштето е направено од алуминиум. Уредот е базиран на „Snapdragon 625“ во конфигурација со 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија. Постои верзија и со 4/64 GB.

„Lenovo S5“ има 13 мегапикселна задна камера и 16 мегапикселна предна камера. Батеријата има капацитет од 3.000 mAh.

4. Huawei Y7 Pro 2018

Овој паметен телефон импресионира со 5,99-инчен дисплеј со резолуција од 1.440×720 пиксели. Предната камера е 8-мегапикселна, а на задната страна има две – 13 + 2MP, а втората е одговорна за ефектите на „Boke“.

Уредот е опремен со „Qualcomm Snapdragon 430“ процесор, заедно со 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија. Батеријата има капацитет од 3.000 mAh.

5. Honor 9 Lite

Уште еден одличен телефон за околу 200 долари. Доаѓа со дисплеј од 5,65 инчи „FullHD +“, сооднос од 18:9. Процесорот е „Huawei HiSilicon KIRIN 659“, заедно со 3 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија. Постои слот за мемориска картичка.

Смартфонот има двојна задна камера – 13 + 2 MP и двоен „LED“ блиц. Предниот модул е од ​​13 мегапиксели.

Батеријата има капацитет од 3.000 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП