27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: ЕК против Google

График на денот: ЕК против Google

Рекордната парична казна наметната од Европската комисија на „Google“ во износ од 4,34 милијарди евра (5,1 милијарди долари), во никој случај не е прв пат, во кој регулаторот на ЕУ презема дејства против американска технолошка компанија.

Всушност, самиот „Google“ ја почувствува силата на антимонополската регулатива на ЕУ во минатата година. Во јуни 2017-та година компанијата беше казнета со 2,42 милијарди евра за злоупотреба на доминантната позиција како пребарувач, давајќи незаконска предност на „Google Shopping“ над други услуги за споредба на цените.

Како што илустрира графиконот на „Statista“, други технолошки гиганти исто го почувствувале гневот на Европската комисија. Само „Microsoft“ беше казнета четири пати во текот на последните две децении, вклучувајќи три пати за наводното непочитување на претходните антиконкурентски санкции и за прекршување на ветувањата направени во раниот антимонополски договор.

Комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргрете Вестагер ги стави американските технолошки компании во централен фокус на своите истраги, обвинувајќи голем број од нив во антиконкурентските однесувања, избегнувањето на даноци и злоупотребата на доверливоста на податоците на корисниците.

Ако се вратиме на сегашната парична казна, истрагата има долга историја. Таа започна во април 2016-та година, кога компанијата беше обвинета дека бара од производителите на уреди, како услов за лиценцирање во продавницата за апликации на „Google“ (Google Play Store) да ги инсталираат претходно „Google Search“ и прелистувачот „Chrome“.

Исто така, тоа го бара и од производителите на платен систем. Одлуката на ЕК од оваа недела стави крај на оваа истрага, тврдејќи дека „Google“ го користи „Android“ како средство за зајакнување на доминацијата на својот пребарувач. Овие практики не даваат шанса на конкурентите да имаат можност да имплементираат и да се натпреваруваат во суштина.

Графикот подолу ја илустрира доминацијата на „Google“ на најголемите пазари во ЕУ. Врз основа на податоците на „StatCounter“ се покажува пазарниот удел на компанијата во веб пребарувањето, мобилните оперативни системи и веб прелистувачите во вториот квартал на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП