28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави шестмесечниот билтен за период Јануари-Јуни 2018

Македонска берза го објави шестмесечниот билтен за период Јануари-Јуни 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.-30.06.2018 година вкупниот промет изнесувал 6.828.985.131 денари и е зголемен во однос на истиот период лани за 234,09 отсто. 

Класичното тргување изнесува 2.704.410.896 денари и е зголемено во однос на истиот период од лани за 80,03 отсто кога изнесувало 1.502.218.167 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 2.302.467.722 денари и обврзници во вредност од 401.943.174 денари.

Блок трансакциите за првото полугодие изнесувале 4.120.001.556  денари и се зголемени за 678,91 отсто во однос на истиот период лани.

Бројот на трансакции изнесувал 12.835 и е зголемен за 65,00 отсто во однос на истиот период од лани кога изнесувале 7.779.

Најтргувани акции на официјалниот пазар се на Комерцијална банка, следи Алкалоид и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје.

Шестмесечниот статистички билтен за периодот јануари – јуни 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП