25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако во McLaren рачно ги изработуваат суперавтомобилите? (видео)

Како во McLaren рачно ги изработуваат суперавтомобилите? (видео)

Британскиот производител на суперавтомобили „McLaren“ бележи најдобри резултати во својата историја, а само минатата година испорача 3.340 возила.

Откако во компанијата од Вокинг се концентрираа на автомобили за обични патишта, „McLaren“ постепено станува заштитен знак во класата на суперавтомобили.

Секој „McLaren“ се прави рачно, а дневно се склопуваат околу 20 автомобили. Компанијата одлучи во кратко видео да покаже како тоа изгледа.

Раководството на „McLaren“ има моментално многу големи амбиниции, планираат да лансираат 18 нови модели до 2025-та година и во тој период ќе ја електрифицираат својата комплетна гама.

Со особено нетрпение љубителите на суперавтомобили го очекуваат наследникот на легендарниот „F1“, кој е најавен под кодното име „BP23“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП