20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиколовски: Косово веднаш да ја повлече одлуката за зголемени царини

Николовски: Косово веднаш да ја повлече одлуката за зголемени царини

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски очекува Косово веднаш да ја повлече одлуката за зголеменото царинење на овошјето и зеленчукот воведена вчера.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, без да прецизира дали Македонија ќе воведе контра мерки, одлуката го прекршува ЦЕФТА договорот и правно и формално е нејасна.

– Се прават интензивни анализи за одлуката на Косово која воопшто не содржи тарифни броеви, а и, наместо овошје и зеленчук, во табелите пишува пченка, истакна Николовски.

Министерот најави дека ќе се реагира во делот на Спогодбата за размена меѓу двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП