25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите чипови на Samsung ќе ги направат смартфоните побрзи

Новите чипови на Samsung ќе ги направат смартфоните побрзи

Компанијата „Samsung“ објави дека ги завршила првите тестови на прототип чиповите 8GB „LPDDR5 DRAM“ , дознава „Engadget“.

Оваа системска меморија (RAM) за паметните телефони и други мобилни уреди, нуди поголема брзина и помала потрошувачка на енергија. Ова ја прави одлуката соодветно за смартфоните да се залагаат кон современите технологии, како „AI“ и „5G“.

Ако ја споредиме новата меморија со „LPDDR4X“ чиповите, таа нуди 1.5 повисока брзина на трансфер (6,400 Mbps). Тоа значи дека во теорија 51GB, што е еквивалент на 14HD филм, можат да бидат префрлени за една секунда. Побавната варијанта на меморијата ќе подржува брзина до 5,500 Mbps при 1.05 V.

„LPDDR5“ е специјално создадена да има помала потрошувачка во активен режим, но од компанијата истакнуваат дека е достапен и режим на „длабок сон“, при што потрошувачката се намалува на половина во однос на „idle“ режимот кај „LPDDR4X“ чиповите.

Сето ова треба да резултира со подолго траење на батеријата до 30%. Засега компанијата не ги објави плановите за тоа кога новите чипови ќе се појават во уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП