18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Porsche Macan „тренира“ во Африка (фото+видео)

Новиот Porsche Macan „тренира“ во Африка (фото+видео)

„Porsche Macan“ на пазарот се појави во 2014-та, веќе е најпродаваниот модел на компанијата со 350.000 единици ширум светот, па дојде време за редизајн.

Колку е важен овој „SUV“ за германскиот производител покажува и фактот дека од 246.375 продадени возила на „Porsche“ во минатата година, 97.202 биле „Macan“.

Меѓутоа, „Macan“ во последно време доби жестока конкуренција меѓу кросоверите, како што се „Alfa Romeo Stelviо“ и „Jaguar F-Pace“, па повеќе не може да се потпира на старата слава.

„Porsche“ ќе го претстави обновениот „Macan“ кон крајот на јули во Кина, а полека започна да го рекламира преку „тизери“ кои укажуваат дека нема да има многу големи промени.

Благиот редизајн на предниот дел со нови фарови и нова задна светлосна група со „LED“ лента преку целиот заден дел.

„Porsche“ не покажа како „Macan“ ќе изгледа внатре, но логично е дека треба да се очекува современа кабина со модерен мултимедијален систем и дигитализирана инструмент табла, како во другите нови модели на „VW“ групацијата.

Најголеми промени „Macan“ би требало да добие под хаубата, па се очекува најслабиот агрегат да биде 2,0-литарски бензински мотор со четири цилиндри со новиот партикуларен филтер и околу 300 KS, a покрај него тука ќе биде и 3,0-литарскиот „V6“ со 350 KS, како и 2,9-литарскиот „V6“ турбо од „Audi RS4“ со 434 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП