21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИJAB Holding и Nestle имаат апетит кон купување на Illy

JAB Holding и Nestle имаат апетит кон купување на Illy

Италијанскиот производител на кафе „Illycaffe“ го привлече интересот на компании, како „JAB Holding“ и „Nestle“, но семејството, кое е нејзин сопственик, досега не е одговори на предлозите, тврдат извори на „Bloomberg“, запознаени со прашањето.

„JAB“ која изгради кафе империја преку серија на превземања, е заинтересирана за компанијата со седиште во Трст, дополнуваат изворите кои посакуваат да останат анонимни. „Nestle“ се поврзани со „Illy“ пред неколку месеци, но добила одговор дека семејството не сака да ја продава компанијата, коментираат уште тие.

Претставниците на „JAB“ и „Nestle“ одбија да дадат коментар.

„Имаме редовни контакти со овие компании, како и со речиси сите други компании во секторот за дискутирање на прашања надвор од конкуренцијата, како кафето и здравјето, адаптацијата кон климатските промени и пазарните стандарди“, изјави претседателот на компанијата Андреа Или.

„Секоја хипотеза за корпоративни договори се смета за неточна“, вели тој.

„Illy“, основана во 1933-та година од Франческо Или и позната како фирма за првокласно еспресо, кое се продава во сиво-црвено пакување, е управувана од третата генерација на истата фамилија. Компанијата забележа околу 460 милиони евра (539 милиони долари) приходи за 2016-та година, со 5,3% повеќе во однос на една година порано. „Illy“ работи во моментов во вкупно 140 земји.

Италијанската компанија е еден од најголемите независни пекари на кафе, во позадина на консолидацијата околу тројцата големи играчи: „Nestle“, „JAB“ и „Starbucks Corp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП