24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone моделите за 2019-та ќе добијат LG екрани

iPhone моделите за 2019-та ќе добијат LG екрани

Производителот на екрани „LG Display“, според потпишаниот договор, во текот на втората половина од оваа година ќе започне со испорака на своите „OLED“ и „LCD“ екрани на компанијата „Apple“, објави сајтот „Digitimes“ повикувајќи се на свои извори од Јужна Кореја.

До крајот на оваа година „LG Display“ би требало да испорача околу 3 до 4 милиони „OLED“ и 20 милиони „LCD“ панели за идните „iPhone“ модели.

Јужнокорејската фабрика во текот на 2019-та година би требало да ги покрие повеќето нарачки за „OLED“ панели за 6,5-инчниот „iPhone“, поради што се очекува „LG Display“ следната година да испорача „OLED“ екрани на 10 милиони единици.

Испораката на „Apple“ би требало да ја подобри финансиската ситуација во „LG Display“, која во првиот квартал од 2018-та забележа нето загуба во износ од 87,04 милиони долари, додека за вториот квартал се проценува дека загубата би можела да биде и поголема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП