„Lamborghini“ во првите шест месеци од 2018-та испорача повеќе автомобили, отколку во целата 2013-та година.
Во периодот јануари-јуни ширум светот се продадени 2.327 возила од овој производител, што претставува раст од 11 отсто во однос на истиот период од 2017-та година.
Иако „Lamborghini“ уште на крајот на минатата година го претстави „SUV“ моделот „Urus“, во резултатите за првата половина од 2018-та, не влегува овој модел, со оглед дека неговата продажба официјално започна во јули.
Затоа блескаше „Huracan“, кој во првите шест месеци привлече 1.604 купувачи, што е за 204 повеќе отколку во истиот период од 2017-та. Од друга страна продадени се 673 примероци на „Aventador“, што е сличен резултат како во првите шест месеци од минатата година.
Кога во втората половина од 2018-та во статистиката ќе биде вклучен и „Urus“, се очекува дека „Lamborghini“ годината ќе ја заврши со преку 6.000 испорачани автомобили, со што италијанскиот производител ќе ја исполни целта планирана уште додека „SUV“ моделот беше во развој.