14 јануари, 2025
ПочетнаАВТОБИЗPininfarina ќе го претстави својот суперавтомобил со 2.000 КС

Pininfarina ќе го претстави својот суперавтомобил со 2.000 КС

Компанијата „Automobili Pininfarina“, која припаѓа на индиската група „Mahindra“, објавува нови скици на својот прв самостоен модел – електричниот хиперавтомобил „PF0“. Според првичните информации, прототипот на моделот ќе биде прикажан следниот месец на настанот „Monterey Car Week“.

„Pininfarina PF0“ ќе добие четири електрични мотори. Тие беа развиени заедно со хрватската компанија „Rimac“, кои развиваат вкупно 2.000 КС. Од 0 до 100 km/h овој автомобил ќе забрза за 2 секунди и до 300 km/h за 12 секунди. Максималната брзина е 402 km/h, а со само едно полнење на батериите километражата е 500 km/h.

Сериското производство на електричниот автомобил е закажано за 2020-та година. Тогаш познатата работилница ќе прослави 90 години постоење. Се претпоставува дека цената на „PF0“ ќе изнесува околу 2 милиони евра.

Работилницата „Pininfarina“ стана сопственост на „Mahindra Group“ во 2015-та година. Индискиот холдинг купи 76,06% од акциите на италијанската фирма за сума од 168 милиони евро. Новата компанија – „Automobili Pininfarina“, ќе произведува само електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП