26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJohnson & Johnson ќе плати штета од 4,7 милијарди долари

Johnson & Johnson ќе плати штета од 4,7 милијарди долари

Судот од Мисури го осуди во четвртокот (12-ти јули) козметичкиот гигант „Johnson & Johnson“ (J & J) да исплати рекордни 4,69 милијарди долари отштета на 22 жени кои ја обвинија компанијата поради производи со талк, вклучувајќи бебешка пудра, кои содржат азбест и предизвикуваат рак.

Ова е најголемата казна за „J & J“ досега во врска со наводите за продажба на канцерогени производи.

Компанијата се бори со уште 9.000 слични случаи со производи кои содржат талк. Таа негира дека овие производи содржат азбест и предизвикуваат рак. „J & J“ коментираат дека студиите покажуваат дека талкот е безбеден и до овој момент успешно се справува со обвиненијата од сличен карактер.

Сериозната пресуда од четвртокот, прогласена во окружниот суд на градот Сент Луис, вклучува 550 милиони долари надомест штета и 4,14 милијарди долари казнени штета, според информации на „Courtroom View Network“, цитиран од светските агенции.

„Ј & Ј“ ја дефинира пресудата како „исклучително неправедна“ и ќе поднесе жалба до судот.

Акциите на компанијата се намалија со 1,31 долари, или за 1%, до 126,45 долари по објавувањето на пресудата.

Одлуката на судот беше донесена по пет недели на темелна истрага од страна на голем број експерти.

Обвинителството вели дека долгорочното користење на бебешка пудра и други козметички производи на „J & J“ се причината за нивните болести. Тие ја обвинуваат компанијата дека била свесна со примесите на азбест во талкот уште од крајот на 70-тите години на минатиот век, но и покрај тоа не ги предупредиле своите клиенти за сериозниот ризик.

„Ние сме длабоко разочарани од пресудата, која е производ на крајно нефер процес“, изјави претставник на „J & J“. Компанијата е уверена дека нивните производи не содржат азбест и не предизвикуваат рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП