18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley го слави 100-тиот роденден и ќе израдува 100 среќници (фото+видео)

Bentley го слави 100-тиот роденден и ќе израдува 100 среќници (фото+видео)

Британскиот производител на суперлуксузни автомобили ќе одбележи еден век постоење со специјална ограничена серија на моделот „Mulsanne“.

„Bentley“ започнува да го одбележува својот 100-ти роденден една година порано, со оглед дека Волтер Овен Бентли ја основал компанијата во 1919-та.

Токму во негова чест, британскиот производител ќе лансира посебна верзија на моделот „Mulsanne“ со ознаката „W.O. Edition by Mulliner“, a во план е производство на само 100 примероци, од кој секој ќе биде нумериран.

Купувачите ќе можат да изберат помеѓу две опции – 6.75-литарскиот „V8“ бензинец, послабиот со 505 ks и помоќниот со 530 „коња“ кој се користи во моделот „Mulsanne Speed“.

Првата верзија на автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 5,3 секунди, a втората за 5,1 секунди.

За оние кои сакаат пространа патничка кабина, „Bentley“ нуди верзија со продолжено меѓуосовинско растојание, но во тој случај ќе мораат да се задоволат со „поскромниот“ од двата погонски агрегати.

Цената на оваа специјална верзија не е соопштена, а првите примероци до своите сопственици ќе пристигна во почетокот на 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП