15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку туристи ја посетиле Македонија во мај?

Колку туристи ја посетиле Македонија во мај?

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2018 година изнесува 104 034, а бројот на ноќевањата изнесува 211 234.

Бројот на туристите во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 8.0 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 5.6 %.

Бројот на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 1.2 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.4 %.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 19.0 %.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 13.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 19.1 %

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП