19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на 84-тото место според "Global Innovation Index 2018"

Македонија на 84-тото место според “Global Innovation Index 2018”

Македонија се наоѓа на слабото 84-то место на најиновативни економии во светот, и е падната за 23 места во однос на минатата година, според извештајот на “Global Innovation Index 2018”.

Од регионот сите се подобро рангирани од Македонија. Србија е на 55-тото место, Црна Гора на 52-то место, Хрватска на 41-во, Бугарија на 37-мо и Албанија на 83-тото место.

За првпат Кина се најде меѓу 20-те наиновативни економии, додека САД испаднаа од првите пет на листата.

На прво место е Швајцарија, по што следуваат Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.

Од четвртото место минатата година, САД паднаа на шесто, додека Кина напредуваше од 22-та до 17-та позиција.

Индексот на иновации се издава на годишно ниво од страна на WIPO, Универзитетот Корнел и бизбнис школоата INSEAD.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП