Германскиот премиум производител „Porsche“ најави дека неговиот прв електричен модел „Taycan“ (првично наречен „Mission E“) ќе се појави на патиштата веќе следната година, но понудата не би била комплетна доколку нема и кросовер.
„Porsche“ пред неколку месеци во Женева го претстави и „Mission E Cross Turismo“, кој е комбинација на „Macan“, „Panamerа Sport Turismo“ и „Taycan“, кросовер кој е одоговор на „Teslа Model X“.
Сега германскиот производител потврди дека „Mission E Cross Turismo“ на пазарот ќе пристигне кон крајот на 2021-ва година.
Ќе видиме како пазарот ќе реагира на овој „SUV“, затоа што поради неговите карактеристики би било многу тешко да се продава како тој вид на возила.
Причина, па „Mission E Cross Turismo“ е низок како „Panamera“, a ниту останатите мерки не се карактеристични за „теренско“ возење, туку повеќе наликува на тркачко.
Но, „Mission E Cross Tourismo“ беше само прототип, па нема сомневање дека до 2021-ва „Porsche“ ќе направи бројни промени со цел да има конкурентен модел на се поконкурентниот пазар.