
„General Motors“ го зголемува производството на својот популарен електричен модел „Chevrolet Bolt EV“ за 20 отсто поради зголемената побарувачка.


„General Motors“ го зголемува производството на својот популарен електричен модел „Chevrolet Bolt EV“ за 20 отсто поради зголемената побарувачка.
„GM“ очекува глобалната продажба да порасне за 35% во следниот квартал и повеќе од 40% во првите шест месеци од година.
Меѓутоа, иако „Bolt“ глобално одлично се продава, тоа не е случај со домашниот, американски пазар. Покрај тоа, продажбата на „Bolt“ во САД забележа пад од 22,6% во вториот квартал, на само 3.483 единици.
На тоа секако влијаеше и локалниот конкурент „Tesla“ кој го достигна планираното ниво на продажба на „Model 3“ oд 5.000 возила неделно.
Втората причина за лошиот резултат на „Chevrolet Bolt“ во САД е и „Nissan Leaf“.
Јапонскиот производител не само што ја претстави новата генерација на најпродаваниот „EV“ модел на светот по премиерата на „Bolt“, туку и претходната се продаваше подобро од адутот на „Chevrolet“.