26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо следната генерација Peugeot 208 GTi ќе биде електричен?

Во следната генерација Peugeot 208 GTi ќе биде електричен?

„Peugeot“ напорно работи на новата генерација на моделот „208“, а според последните информации се најавува насочување кон електрификација.

Новиот „208“ ќе премине од моменталната „PF1“ архитектура која ја дели со „Citroen C3“, „C4 Cactus“ и „DS3“ на „CMP“, позната како и „EMP1“.

Оваа архитектура има две верзии од кои едната е резервирана за електрични автомобили, па се очекува да се ја искористи и „208“.

Новата генерација на „Peugeot 208“ се очекува следната пролет на саемот за автомобили во Женева.

„Кога ќе купите „Peugeot“, ќе добиете нов дизајн, последната верзија на „i-Cocpit“, подобрени пакети како „GT-Line“, „GT“ и можеби „GTi“, a купувачот ќе може да избере погон помеѓу „EV“ и „SUS“ мотори“, вели директорот на компанијата Жан-Пјер Императо.

Друг „EV“ модел кој пристигнува од „Peugeot“ го вклучува хибридниот „3008“, а Императо најавува и возила со 536 KS во следните десет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП