24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете го музејот на Mercedes во Штутгарт (видео)

Погледнете го музејот на Mercedes во Штутгарт (видео)

На деветте катови од оваа зграда се сместени 160 автомобили од историјата на „Mercedes“, oд самиот почеток во 1886-та, па до модерните времиња.

Во Германија постојат неколку големи автомобилски компании со многу богата историја, а сите тие имаат и свои музеи. Покрај „BMW“ и „Porsche“, музејот на „Mercedes-Benz“ во Штутгарт веројатно привлекува најголемо внимание кај љубителите на автомобили.

Се простира на девет нивоа и содржи 160 експонати од различни периоди на овој германски производител, вклучувајќи и тркачки автомобили и „F1“ болиди од богатата натпреварувачка историја на „Mercedes“.

Во музејот исто така се наоѓа архива на оргинални технички цртежи и останати документи за моделите на оваа позната марка. Тука се и книгите за нарачки на возила кои датираат дури од 1886-та година, односно од самиот почеток на компанијата.

За оние кои не се во можност во живо да го посетат овој музеј, на страната постои виртуелна тура, а дел од атмосферата од музејот можете да ја почувствувате во следното видео:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП