ПочетнаАВТОБИЗОpel за две години прeстанува со производство на Astra

Оpel за две години прeстанува со производство на Astra

astra

Европскиот бренд на компанијата „General Motors“, „Opel“, во текот на 2015-та година има во план да го сопре производството на моделот „Astra“ во Рузелхаим во Германија, а не година дена подоцна како што претходно беше најавено.

Веднаш потоа „Opel“ споменатата фабрика ќе започне со производство на возилата од моделот „Zafira“. Како што и беше очекувано овој производител на автомобили има во план да го зголеми производството на „Astra“ возилата на територијата на Полска во фабриката која се наоѓа во Гливице.

Од 1999-та година германското одделение на „General Motors“ загуби повеќе од 18 милијарди долари, а состојбата не е нималку подобра затоа што продажбата на новиот модел „Adam“ не оди според очекувањата.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП