25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата Nokia 5.1 Plus ќе пристигне побргу, отколку што се очекуваше

Новата Nokia 5.1 Plus ќе пристигне побргу, отколку што се очекуваше

Фотографија од промотивниот постер за паметниот телефон „Nokia 5.1 Plus“ се појави на Интернет со што се откри датумот за официјално претставување на уредот.

Премиерата на телефонот „Nokia 5.1 Plus“, според наведеното, би требало да се одржи на 11-ти јули во Кина. Во оваа земја уредот со 32GB простор за складирање податоци ќе чини околу 120, додека верзијата со 64GB ќе чини околу 150 долари.

Инаку, што се однесува до споменатите цени, треба да се има во предвид дека тие ќе бидат поразлични кога телефонот ќе биде пуштен во продажба на глобалниот пазар.

Објавената фотографија од новиот уред потврдува дека телефонот ќе има т.н. „заб“ (notch) во врвот на екранот.

Карактеристиките на уредот се познати од претходно. „Nokia 5.1 Plus“ ќе има екран со дијагонала од 5.86 инчи во резолуција од 1.520 x 720p, потоа чип од серијата „Snapdragon 600“ или „Helio P60“.

Во понудата ќе се најдат верзии со 3GB, 4GB и 6GB RAM, како и 32 или 64GB простор за складирање на податоците.

На задната страна на уредот ќе се најдат две камери со сензори од 13 и 5MP, додека предната „селфи“ камера ќе има сензор од 8MP.

„Nokiа 5.1 Plus“ ќе добива енергија од батеријата со капацитет од 3.000mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП