19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е првиот Huawei со 8 гигабајти RAM

Ова е првиот Huawei со 8 гигабајти RAM

Кинеската компанија „Huawei“ го прикажа својот прв паметен телефон со 8 гигабајти RAM меморија – „Honor 10 GT“, чиј претходник „Honor 10“, кој пристигнува во верзии со 4 или 6GB RAM, oд мај е достапен на светскиот пазар.

Покрај поголемата RAM меморија, „Honor 10 GT“ има речиси идентични карактеристики како и основниот модел.

Уредот има екран со дијагонала од 5,8 инчи, резолуција 2280 x 1080. На диплејот се наоѓа и сензор за отпечаток на прстот.

„Honor 10 GT“ ќе го користи процесорот „Kirin 970“, како и батерија од 3.400 mAh. На задната страна на уредот се наоѓаат две камери со сензори од 16 и 24 мегапиксели.

Новиот „Honor 10 GT“ официјално ќе биде претставен на 24-ти јули, прво во Кина, а потоа и на останатите светски пазари.

Цената на уредот се уште не е објавена, но со оглед на цената на основниот „Honor 10“, се претпоставува дека „Honor 10 GT“ би можел да чини околу 390 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП