5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКако Федерер печали 71.5 милиони долари годишно

Како Федерер печали 71.5 милиони долари годишно

federerteksttenis

Роже Федерер одамна е сметан за најголемиот играч во историјата на тенисот. Швајцарецот ги држи рекордите за најмногу титули од Гренд Слем  турнирите (17) и најмногу недели на врвот на светската листа (302).

Со 31 години тој продолжува да одржува исклучително високо ниво, го зазема третото место на светската АТП-листа и ја продолжува својата историска серија од 36 последователни учества во четвртфиналето на Гренд Слем турнирите, која започна од титулата на Вимблдон во 2005-та година.

Моќта на Швајцарецот сепак одамна се протега надвор од теренот. Федерер е вистински преседан во спортот, кога станува збор за бројот, квалитетот и должината на спонзорските договори. Само за последните 12 месеци тој заработил 71.5 милиони долари што му се доволни за второто место по Тајгер Вудс во рангирањето на Форбс за најдобро платен спортист.

federertekstroleks

Патот на Федерер кон врвот започна со титулата на Вимблдон во 2003-та година. Потоа следуваше исклучителна доминација, освојувајќи 15 од следните 26 турнири од Гренд Слем и уште шест пати стигна до финалето.

Кога Федерер го победи Марк Филипусис со 7:6, 6:2, 7:6  на тревните терени во „Олд Ингланд Клуб“ пред десет години, тој имаше договори за облека со Најк и за ракети со Вилсон. И тоа беше речиси се.

Една година подоцна Швајцарецот потпиша договор со производителот на часовници Морис Лакроа (подоцна заменет од Ролекс). Во 2007-та година тој се врза со Жилет, а потоа не задоцнија и трансакциите со производителот на кафе-машини Жура, автомобилскиот гигант Мерцедес и швајцарската банка „Credit Suisse“. Меѓу останатите негови партнери се чоколадо Линд и осигурителната компанија „National Suisse“.

federertekstkafe

Многу од договорите покриваат десетгодишен период, што е огромен и е ретка посветеност од страна на компаниите во време кога спортистите постојано се навлегува во скандали и секогаш се на насловната страница на водечките таблоиди.

Од десетте спонзорски договори Федерер добил вкупно 45 милиони долари во последните 12 месеци. Неговиот договор со Најк е најголемиот во историјата на спортот и му носи 10 милиони евра годишно.

Освен тоа Швајцарецот и неговиот долгогодишен агент Тони Годсик го напуштија „International Management Group“ (IMG). На тој начин беа заштедени доста трошоци од провизиите платени на американската маркетинг агенција.

federertekstnike

На крајот на 2012-та година Федерер додаде нов спонзорски договор во своето портфолио. Светскиот рекет број 3 потпиша договор за пет години со производителот на вина „Moet & Chandon“ кој веќе почна да му носи по 6 милиони долари годишно.

Како целина тенисот е исклучително атрактивен за спонзорите, бидејќи практично сезоната е целогодишна, а во повеќето од градовите каде што се одржуваат турнирите навивачите значително трошат сериозни суми на облека за тенис, рекети, часовници, автомобили и други работи.

Федерер пак е примамлив залак за големите компании. Тој никогаш немал сериозни повреди кои на подолг период ќе го оддалечат од терените, за разлика од поголемиот дел од елитните спортисти. Освен тоа, во последните десет години Швајцарецот стигна до завршните кругови на сите големи турнири што го прави непроценлив поради медиумскиот интерес.

federertekstktmercedes

Според истражувањето на „Repucom“ глобалното влијание на Федерер е споредливо само со тоа на Дејвид Бекам, Лионел Меси и Мајкл Џордан. Интересот за швајцарскиот тенисер е зголемен за 61 процент во САД, а во Франција, Шпанија и Велика Британија бројките се уште повеќе импресивен  90 проценти. Поранешниот број 1 е избран за најомилен тенисер на навивачите веќе десет години по ред.

Приходите на Федерер значително се зголемија благодарение на многуте натпревари. Во декември тој ја направи својата прва посета во Јужна Америка како професионален тенисер. Само за шест натпревари во три града тој заработи 14 милиони долари.

Останатите 6.5 милиони се заработени од наградните фондови во текот на изминатите 12 месеци. Во својата кариера Федерер има освоено рекордни 77 милиони долари од турнири што е далеку понапред од 54-те милиони кои ги освои Рафаел Надал.

federerteksttituli

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП