3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook запира три мобилни апликации

Facebook запира три мобилни апликации

Како и „Google“ и други големи корпорации, „Facebook“ има практика да купува експериментални апликации од време на време, потсетува „Android Police“. За жал, историјата покажува дека многу од нив последователно се запираат или се спојуваат во поуспешни производи.

Сега компанијата објави дека запира три апликации кои ќе бидат стопирани во текот на следните неколку недели. Постои голема шанса дека дури и не сте слушнале за нив.

Првата од нив, „Facebook Hello“, е замена за апликацијата за регрутирање која ги интегрира информациите од социјалните медиуми и контактите. Апликацијата беше објавена во 2015-та година, но ќе биде стопирана во рок од неколку недели. Апликацијата „Moves“, која беше купена од „Facebook“ во 2014-та година, престанува да функционира на 31-ви јули. И последно, но не и најмалку важно, анонимната апликација за социјалната мрежа „tbh“, која минатата година ја купи „Facebook“, исто така, престанува да функционира.

Сите кориснички податоци од апликациите ќе бидат избришани во следните 90 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП