22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMG се враќа со автомобилот на иднината (фото)

MG се враќа со автомобилот на иднината (фото)

Британскиот производител на спортски автомобил, кој одамна го немаше, „MG“ полека се враќа на сцената благодарејќи на кинески капитал.

„MG“ се фокусира на иднината на авто-индустријата, па планира да направи електричен спортски автомобил.

Возилото кое ќе има погон на сите четири тркала ќе биде со слична големина како „Mazda MX-5“.

Меѓутоа, со оглед на „EV“ технологија ќе биде потежок и поскап од јапонскиот модел.

„Овој бренд исчезна, па мораме да го вратиме. Целта е да се вратиме на корените, но не постоевме неколку години, па мораме да одиме чекор по чекор. Ќе направиме спортски двосед кој за две години подоцна ќе биде и „EV““, најави директорот за дизајн на „MG“, Шао Џинфенг, кој претходно десет години мина во „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП