12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНешто помеѓу, Renault Clio GT

Нешто помеѓу, Renault Clio GT

clio

Францускиот производител од септември на купувачите ќе им понуди автомобил кој ќе ја пополни празнината меѓу основната верзија на моделот „Clio“ и неговата екстремна спортска варијанта „RS“.

„Renault Clio GT“ се разликува од стандардната верзија по различниот преден браник со поголеми отвори за проток на воздух, додека дневните LED светла наместо меѓу фаровите ќе се најдат на долниот дел од браникот.

Со новите 17 инчни алуминиумски тркала „GT“ ќе биде препознатлив и по затемнетите куќишта за фаровите, задниот дифузор и двојната издувна цевка.

clio1

Спортскиот изглед на овој автомобил ќе биде надополнет со 1.2 литарски турбо мотор кој развива 88 kW/120 ks и 190 Nm максимален вртежен момент. Снагата ќе се пренесува на предните тркала со помош на шестстепен автоматски менувач.

Оваа комбинација овозможува „Renault Clio GT“ oд 0 дo 100 km/h да стигне за 9.9 секунди и да развие максимална брзина од 195 km/h. При тоа францускиот производител тврди дека овој автомобил е во состојба просечно да троши 5,2 l/100 km со CO2 емисија од 120 g/km.

Почетната цена во Велика Британија ќе изнесува 17.395 фунти (околу 20.500 евра), додека на континентот овој модел би требало да биде нешто поевтин. Покрај хечбек „Renault Clio GT“ на купувачите ќе им биде понуден и во караван верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП