21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот допрва ќе се тресе: Трамп има барање за Арапите

Светот допрва ќе се тресе: Трамп има барање за Арапите

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта за да ги намали цените на горивата.

Трамп објави на Твитер дека бара од саудискиот крал Салман да го зголеми производството на нафта до два милиони барели дневно за да ја надомести разликата во производството на нафта од Иран и Венецуела.

“Цените се превисоки и тој се согласи”, рече американскиот претседател.

Тој, исто така, рече дека зголемувањето на производството на нафта е неопходно поради немирите и проблемите во Иран и Венецуела.

Цените на нафтата скокнаа минатата недела бидејќи САД повторно воведоа санкции врз Иран, кој е голем производител на црното злато.

Членовите на ОПЕК се согласија да го зголемат производството, но тоа не влијаеше на пазарите.

Саудиска Арабија сеуште не се огласи, па не е познато дали ќе го прифати барањето на Трамп да го зголеми производството за два милиона барели нафта дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП