6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолициска акција со автоматско оружје во неколку ноќни клубови во Скопје, се...

Полициска акција со автоматско оружје во неколку ноќни клубови во Скопје, се огласи и МВР

Синоќа полициски службеници упаднале во неколку ноќни клубови во Скопје и ги легитимирале посетителите. Некои од нив, револтирани од односот на полицијата објавија реакции на социјалните мрежи.

Меѓу клубовите е и „Сектор 909“. Посетители пишуваат дека полицајци со автоматско оружје барале да се исклучи музиката во „Сектор“.

На „Фејсбук“ се огласи и еден од сопствениците на ноќните клубови во кои бил извршен упад, Огнен Узуновски кој напиша: „Татко ми вика цел живот: „Сине ќе те учи работата, така да сигурен сум дека е у право ‘ќе нè учи работата’. Јас Огнен Узуновски не се осеќам како криминалец и Сектор 909 не е само едно обично диско, туку е еден начин на ‘живот’. Не можете да нè сопрете, тука има многу љубов… Со ова вечерва, сами Вие (знаете на кој се обраќам) треба да размислите дека ако #немаправданемамир“.

Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе, напишаа од Комитетот на нивната страница на „Фејсбук“. „Ќе се постави и прашањето на командна одговорност! Кој ја дал наредбата и зошто? Полицијата постои да ги заштитува граѓаните и да постапува во рамки на дозволена и неопходна примена на сила и мерки за присилба, секогаш заради обезбедување на сигурност и безбедност!“, напиша извршната директорка на Комитетот, Уранија Пировска.

Хелсиншкиот комитет ги повика сопствениците на дискотеките и граѓаите кои беа присутни и кои ги засведочија настаните да се обратат до Комитетот со изјава. Комитетот утре ќе се обрати и до Секотрот за внатршна контрола при МВР.

МВР попладнево со огласи со соопштение за вчерашната рација низ скопските клубови. Според полицијата, МВР асистирало при акциска контрола во угостителски објекти во Скопје.

СВР Скопје во кординација со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат исконтролирале седум угостителски објекти во Скопје, лоцирани во градскиот парк и неговата поблиска околина.

Бил легитимирани 21 лице, а  приведени се три лица. „А. И. (25) од Скопје кој бил присутен како гостин во угостителски објект и кај него при личен преглед е пронајдено огнено оружје-пиштол „Берета“ со рамка со 10 (десет) куршуми; И. Р. (33) од Скопје, кој бил присутен како гостин во угостителски објект и кај истиот при личен преглед е пронајдена паковка со непозната прашкаста материја; и О. У. (44) од Скопје, сопственик на угостителскиот објект, кој одбил да ја почитува наредбата издадена од полициските службеници и се спротиставил на превземање на службени дејствија“, пишува во соопштението на МВР.

Во еден од објектите биле затеканати и шест малолетници лица кои се приведени во ПС Карпош заради утврдување на идентитет. Кај пет лица кои работеле како обезбедување било утврдено дека не поседуваат лиценци.

Државниот инспекторат за труд, во сите контролирани угостителски објекти констатирал дека работат без соодветна документација за вршење на угостителска дејност издадена од Министерство за економија.

УЈП во два угостителски објекти констатирала разлика во прометот во готово и прометот во фискалните каси, по што им била изречена забрана за вршење дејност во траење од 15 денови.

Регистрирано било едно кривично дело „Напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ при што биле повредени двајца полициски службеници. „При преземање мерки, односно приведување поради сомнение за претходно нарушен јавен ред и мир, лицата С.М(34) и Б.С (18), двајцата од Скопје физички ги нападнале униформираните полициски службеници, при што им нанеле телесни повреди. Лицата се лишени од слобода и против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 383 од КЗ“, соопшти полицијата.

Од полицјата информираат дека доколку се воочат евентуални недоследности, Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе преземе мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП