19 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДоказ: Како Facebook апликација ги собира вашите податоци (видео)

Доказ: Како Facebook апликација ги собира вашите податоци (видео)

Иако „Facebook“ се труди да ги исправи пропустите по скандалот „Cambridge Analytica“, компанијата и натаму се соочува со многу проблеми. Експертите за Интернет безбедност редовно на мрежата пронаоѓаат апликации кои ги злоупотребуваат податоците на корисниците.

Истражувачот кој се занимава со безбедноста Инти де Цеуклер ја пронајде квиз-апликацијата „NameTests.com“, која во јавност ги објавувала податоците на корисниците повеќе од една година.

Во објава на сајтот „Medium“, тој наведе дека „јаваскриптот“ потенцијално може да го открие на корисникот „Facebook ID“, име и презиме, јазикот на кој говори, како и полот, датумот на раѓање, профилната слика, „кавер“ фотографијата, уредот кој го користи, последните ажурирани информации, објави и статуси, како и фотографиите и пријателите.

Тој исто така истакнува дека сите овие податоци јавно биле објавени барем до крајот на 2016-та година.

Истражувачот отвори сајт, чија задача била да би бара информациите каде „NameTests.com“ ги складира сите податоци кој ги собирала од корисниците кои го решавале квизот „Which Disney Princess Are You? (Која принцеза од Дизни си ти?)“.

Откриено е дека била потребна само една посета и со тоа да се дојде до пристап до приватни податоци на некого во периодот од два месеци. Де Цеуклер обезбеди и видео доказ од овој процес:

Тој проблемот го пријавил во „Facebook Data Abuse“ програмата во април. Најверојатно „NameTests.com“ овој проблем го има корегирано на 25-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП