26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple и Samsung го завршија својот 7-годишен патентен спор

Apple и Samsung го завршија својот 7-годишен патентен спор

„Apple“ и „Samsung Electronics“ објавија дека ставаат крај на 7-годишниот спор по обвиненијата на „Apple“ дека „Samsung“ прекршила нејзини патенти, копирајќи го дизајнот на „iPhone“, пренесува „Ројтерс“.

Условите на договорот не се објавени.

Во мај американски суд пресуди во корист на „Apple“ глоба од 539 милиони долари, откако „Samsung“ пред тоа плати на „Apple“ сума од 399 милиони долари, за да го компензира прекршокот на патентот. „Samsung“ ќе треба да направи дополнителна исплата на „Apple“ од речиси 140 милиони долари, доколку се потврди судската одлука.

Не е јасно колку „Samsung“ ќе мора да плати според сегашниот договор.

Портпаролот на Apple „одби“ да ги коментира условите на договорот, но рече дека „Apple“ се грижи многу за неговиот дизајн и овој случај секогаш бил за нешто повеќе од само пари.

Портпаролот на „Samsung“ исто така одби да коментира.

„Apple“ и „Samsung“ се конкуренти на пазарот на паметни телефони, а сумите поврзани со одлуката, речиси тешко дека ќе имаат огромно влијание врз нив. Но, случајот има трајно влијание врз американскиот закон за патенти.

По губењето на тужбата, „Samsung“ ја обжали одлуката до Врховниот суд на САД. Во декември 2016-та година судот одлучи едногласно дека прекршителот на патентот не треба да ја пренесува целата добивка од украдениот дизајн, затоа што тие ги покриваат само одредени делови од производот, но не и целиот.

Но, кога случајот беше вратен на пониските инстанца оваа година, судската порота се противеше со аргументот на „Apple“ дека во овој конкретен случај профитот на „Samsung“ се должи на дизајнерските елементи со што ги прекршуваат патентите на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП