18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТурбините на ветер генерираат електрична енергија и приходи за кралицата Елизабета II

Турбините на ветер генерираат електрична енергија и приходи за кралицата Елизабета II

Давањето на морското дно под наем за изградба на ветерни турбини е најпрофитабилен бизнис за „The Crown Estate Ltd.“ – компанија која генерира приходи за британската кралица Елизабета Втора и нејзиното семејство, објави „Bloomberg“.

Приходите од „зелените“ енергетски проекти во портфолиото на компанијата се зголемуваат за 32% во 2017-та година и достигнуваат 37 милиони фунти (42 милиони евра). Така, вкупниот удел на инвестиции во енергија, суровини и инфраструктура се зголемува за 20 отсто.

Велика Британија е светски лидер во производството на енергија од ветер и има повеќе турбини на ветер во своите крајбрежни води од која било друга земја.

Во 2017-та година на Островот е инсталирана барем по една турбина дневно, а вкупниот капацитет претставува половина од вкупните новоизградени капацитети во Европа. До 2020-та година, се очекува генераторите на ветер да произведуваат 10% од целата електрична енергија во Велика Британија.

„Тоа беше уште една силна година за производството на енергија од ветер. Овој сектор покажа многу важна улога за нашето претставување. Продолжуваме да работиме во тесна врска со нашите клиенти и да придонесуваме за зајакнување на британската позиција како глобален лидер во оваа индустрија. Тоа е и многу важен придонес во енергетскиот микс во земјата“, вели извршниот директор на „The Crown Estate Ltd.“, Алисон Нимо.

Средствата во портфолиото на инвестициската компанија се сопственост на „круната“, но се управуваат во интерес на целото британско општество, заедно со личната сопственост на кралицата и нејзиното семејство.

Профитот од нејзиното работење е за во државната каса, но дел од него е издвоен за покривање на трошоците на кралското семејство. Повеќето од нив одат за поддршка на кралските палати и резиденции.

Инвестициите на „The Crown Estate Ltd.“ донесоа враќање од 11% во 2017-та година и остварија приходи во државната каса од 329 милиони долари. Вториот главен извор на приход во портфолиото на компанијата е станбениот имот што е под закуп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП