19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Светскиот шампион елиминиран од Мундијалот во Русија

СП 2018: Светскиот шампион елиминиран од Мундијалот во Русија

Светскиот шампион Германија е аут од Мундијалот 2018.

Фудбалерите на Јоаким Лев претрпеа сензационален пораз со 0:2 од Јужна Кореја во последниот натпревар во групата „Ф“ на Светското првенство во Русија. И двата погодоци беа реализирани во дополнителното време – во 93-та Јонг-Гвон Ким беше прецизен за 1:0, а во 96-та Сон Хун-Мин го оформи крајниот резултат.

Германците имаа потреба од победа, но така и не успеаја да го совладаат расположениот голман на Јужна Кореја.

Светските шампиони од 2014 останаа на последното четврто место во групата со три поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП