21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледниот предводник на LG ќе биде со 5 камери

Следниот предводник на LG ќе биде со 5 камери

Изворот кој зборувал за „Android Police“ тврди дека следниот „LG“ паметен телефон од „V“ серијата (кој би можел да се нарекува „V40 ThinQ“, според „Evan Blass“) ќе има пет камери.

Две би биле поставени на предната страна и би можеле да се користат за „3D“ мапирање на лицето, додека останатите три би биле позади и може да имаат нови ефекти за длабочинска острина или зумирање.

Во спротивно, би можеле да видиме она што во голема мера и се очекува: подобрената верзија на „G7 ThinQ“ од почетокот на година. Тоа значи дека би имал „заб“ на екранот, чип „Snapdragon 845“, копче за „Google Assistant“ и „quad-DAC“ поддршка за подобар квалитет на звукот.

Се претпоставува дека „V40“ ќе пристигне кон крајот на летото или почетокот на есента. Прашање е колку од сето најавено навистина ќе биде имплементирано. Она што е сигурно, е навистина доколку „V40“ навистина пристигне со пет камери, ова ќе биде првиот телефон од мејнстрим брендовите со оваа карактеристика. Досега имавме некои модели со четири камери (две напред, две позади), додека „Huawei P20 Pro“ има три камери позади, но само една на предната страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП