3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали новитетите ќе им овозможат подобра заработка на авторите на содржини на...

Дали новитетите ќе им овозможат подобра заработка на авторите на содржини на YouTube?

Авторите на содржини на „YouTube“ чиј канал или канали имаат повеќе од 100.000 претплатници, а кои се во партнерската програма на „YouTube“, отсега имаат можност на корисниците да им понудат наплата на претплата во својот канал или во повеќе од нив. Постои можност истата опција да биде проширена и на канали со помалку следбеници.

„Channel Memberships“ овозможува наплата на 4,99 долари месечна претплата, со која корисниците ќе се стакнат со право на единствени беџови, нови емоции, објави во рамките на „Community“ табот достапен само за претплатниците, како и пристап до единствените предности, како што се ексклузивни стримови во живо или дополнителни видео содржини.

Беџовите и емоциите веќе долго време се заштитен знак за видео сервисот „Twitch“, додека до пристапот на ексклузивни содржини како начинот на создавање на заеднички следбеници ги користи сервисот „Patreon“.

Oд приходот на авторите остварен од претплата, „YouTube“ ќе им зема 30 отсто, што е помалку отколку на „Twitch“, но повеќе од „Patreon“.

„YouTube“ во соработка со сервисот за продажба „Tee Spring“, на претплатниците ќе им ја олесни презентацијата и продажбата на стоки.

Најпопуларниот интернет видео сервис ја претстави и опцијата „Premieres“, која овозможува презентација на однапред снимени видео записи, како „YouTube Live“, во текот на кои претплатниците во реално време ќе може да разговараат меѓусебе, но и со авторите на содржините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП