2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin претстави сериозен ривал на Ferrari (фото+видео) 

Aston Martin претстави сериозен ривал на Ferrari (фото+видео) 

Фотографии и информации за новото спортско купе „Aston Martin DBS Superleggera“ беа објавени пред официјалната премиера на моделот, кој се смета за главен конкурет на „Ferrari 812 Superfast“.

Британската машина е опремена со 5,2-литарски V12 со турбо, кој развива 725 КС и 900 Nm вртежен момент. Присуството на „Superleggera“ („суперлесен“ на италијански) во името на автомобилот е повикување на оригиналниот „DBS“ од 1967-ма година, како и кон италијанскиот „Carrozzeria Touring Superleggera“, кој учествуваше во создавањето на некои од најекстремните спортски автомобили во историјата.

Во основата на „Aston Martin DBS Superleggera“ е алуминиумската платформа, а некои од елементите на каросеријата се од карбон. Тежината на возилото е 1.700 кг, што е 72 кг помалку од „DB11“. Специјално за новиот модел, британските иженери направиле преден сплитер и отвори за вентилација, што овозможува постигнување на 180 километри потисна моќ – повеќе од било кој друг градски „Aston“ во историјата.

Моторот V12 достигнува максималниот вртежен момент во опсег 1800-500 врт/мин, а се комбинира со 8-брзински автоматски менувач „ZF“. Забрзувањето од 0 до 60 милји (96 км/ч) трае 3,4 секунди, а до 100 милји (161 км/ч) – 6,4 секунди.

Во опремата на суперавтомобилот влегуваат механички само-заклучувачки диференцијал, адаптивна суспензија, издувен систем со прилагодливи вентили и керамички сопирачки.

Според прелиминарните податоци, цената на „Aston Martin DBS Superleggera“ ќе е околу 300.000 американски долари, а продажбата ќе стартува до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП