10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHarley-Davidson ќе префрли дел од своето производство надвор од САД

Harley-Davidson ќе префрли дел од своето производство надвор од САД

Легендарниот американски бренд на мотоцикли „Harley-Davidson“ посочи дека ќе го префрли производството на мотори, наменети за продажба во Европа, надвор од границите на САД, како одговор на одлуката на Европската унија да воведе царини за увоз на американски стоки.

Овој чекор на ЕУ дојде откако САД воведе трговски тарифи за увоз на челик и алуминиум, разгорувајќи на тој начин глобална трговска војна, пренесува „FInancial Times“.

Од „Harley-Davidson“ посочија дека негативниот финансиски ефект за компанијата како резултат на европските царини може да достигне до 100 милиони долари годишно.

Ова го прави производителот со седиште во Милвоки една од првите американски компании, која излегува со детали за негативните ефекти од тензиите меѓу Вашингтон со трговските партнери.

Друга таква компанија беше германската „Daimler“ која посочи дека нејзиниот профит ќе се намали како резултат на трговските давачки наметнати од страна на Кина. Тоа е така, бидејќи голем дел од автомобилите на германскиот концерн, наменети за кинескиот пазар, се произведуваат во САД.

„„Harley-Davidson“ верува дека драстичното зголемување на трошоците што ќе се префрли на дилерите и купувачите на мало, што може да има моментален и подолг штетен ефект врз бизнисот во регионот, намалувајќи го пристапот на корисниците до производите на „Harley-Davidson“ и укажувајќи негативен ефект врз нејзиниот дистрибутивен бизнис“, посочуваат од компанијата.

Како резултат на тоа, компанијата нема да ги зголеми цените на мало, во кој влегуваат производствените трошоци или оние на големо за дилерите за да ја покрие цената на царините.

Наместо тоа, производителот ќе „имплементира план за преместување на производството на мотоцикли за ЕУ ​​од САД кон меѓународните фабрики, за да избегне камата како резултат на тарифите“.

Царините на ЕУ влегоа во сила на 22-ри јуни оваа година, така што го поскапеа увозот на мотоцикли од САД со 31%. За споредба, пред тоа царините беа во износ од само 6%.

Така тарифите додаваат до 2.200 долари во просек на цената на мотоцикл, посочуваат од „Harley-Davidson“.

Негативниот ефект на давачките за оваа година ќе биде во опсег од 30 до 45 милиони долари, додека за следната 2019-та година ќе изнесуваат помеѓу 90 и 100 милиони долари според проценките на производителот.

„Harley-Davidson“ вели дека ќе го зголеми своето производство во своите фабрики лоцирани во Индија, Бразил и Тајланд. Ова ќе бара дополнителни инвестиции и ќе потрае до 18 месеци за целосна реализација.

Претходно оваа година, од „Harley-Davidson“ објави дека ја затвораат својата фабрика во Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП