20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНова опција на Фејсбук: Корисниците ќе имаат увид колку време трошат на...

Нова опција на Фејсбук: Корисниците ќе имаат увид колку време трошат на социјалната мрежа

Неколку месеци откако Марк Цукерберг изјави дека заштитата на корисниците на Фејсбук е поважна од профитот на компанијата, пристигнува вест дека Фејсбук се подготвува да го докаже тоа. Компанијата наскоро ќе им овозможи на корисниците увид во тоа колку време трошат на социјалната мрежа.

Станува збор за опцијата скриена длабоко меѓу опциите во апликацијата на Фејсбук, наречена “Вашето време на Фејсбук”. Таа покажува колку време е поминато на Фејсбук апликацијата на вашиот телефон во секој од последните седум дена, и просечното време поминато во еден ден. Оваа опција ви овозможува да поставите потсетник за да ве извести кога ќе се достигне границата која сте ја поставиле за себе.

Новата опција ја забележала Џејн Вонг, инженер, која и претходно ги откри новите функции на Instagram кој ги пронашла во кодот на апликацијата, а веста за ова прв го објави TechCrunch.

Фејсбук им потврди на TechCrunch дека ја  развиваат оваа функција: “Ние секогаш работиме на нови начини како би се осигурале дека времето на Фејсбук е добро искористено”, изјави портпаролот на компанијата.

Сепак, Фејсбук не кажа кога ќе биде, па дури ни дали оваа опција ќе биде достапна за сите корисници на социјалната мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП