19 март, 2024
ПочетнаКОЛУМНИМисла на неделата –гранки се зеленат

Мисла на неделата –гранки се зеленат

Најчесто низ Скоје се движам со јавен превоз односно со автобусите на ЈСП и приватните сопственици. И ако мене ме прашувате сметам дека јавниот автобуски превоз во Скопје е релативно добар.

Имам замерки на големината на автобусите и тоа што се загадувачи на воздухот. Зошто на големината, па затоа што Скопје е веќе толку населено и има голем дневен пораст на население, што иако има автобуси на краток временски рок секој автобус се полни брзо и се полни многу. Верувајте дека сум бил сведок на доста “интересни”  ситуации и коментари за време на возењето предизвикани од гужвата која се создава. Особено ова важи за двокатните автобуси каде што на горниот кат не е дозволено (и не треба да е) стоење, а долу има многу малце место за стоење. Старите дупли автобуси беа многу попрактични во однос на ова прашање.

За намалување на загадувањето се надевам дека се повеќе автобуси на струја или на плин ќе се вклучуваат во сообраќај.

Градот наш убав по улиците односно на тротоарите има убави дрва, кои се филтер на воздухот но даваат и звучна изолација за соседните згради. И тоа е убаво, но дрвата не ја шират својата крошна само накај тротоарот туку и накај улицата.   Двокатните автобуси многу често се удираат во гранките на дрвата и тоа убаво се слуша и не е пријатно, Може да се случи некоја гранка дури и да влезе и низ отворените прозорци и недај боже некого и да повреди. Само се прашувам кога ќе ми се случи да бидам сведок или ќе прочитам дека на некој автобус му се скршило стакло или е оштетен на друг начин.

Бидејки двокатните автобуси кои се сопстеност на Јавното Сообраќајно Претпријатие значи дека се во општествена сопственост што пак значи дека и јас и другите граѓани сме делумни сопственици на истите.  Апелирам, како загрижен граѓанин и сосопственик, до надлежните институции да ги исечат гранките и да направат автобусите да се движат безбедно односно со намалена можност за оштетување  и повреда на патниците. Подобро да спречиме или да лечиме? На крајот на краиштата па ајде и да си ги чуваме автобусите.

Кога сме кај безбедноста во сообраќајот би сакал да се вратат обележувачите на време на раскрсниците. Многу убаво се гледаше за колку ќе се згасне црвеното светло, односно уште колку ќе трае зеленото светло. Сметам дека имаше намален стрес и помалце свирки ако некој не тргнал на време кога се запалило зеленото светло и немаше толку залетување да го фатиш семафорот отворен затоа што не знаеш кога ќе се згасне. Слушнав дека како изговор зошто се исклучија бројачите било тоа што немало на кој извор на струја да се приклучат камерите кои треба да го снимаат сообраќајот. Незнам колку е ова вистина, но ако е навистина така тогаш тоа воопшто не држи вода, а и до сега не сум слушнал дека некој е казнет врз основа на снимка од овие камери.

Подсететување до оне кои заборавиле дека седиштата во автобусите се за седење, а не за качување нозе по нив.

M-r Раде Чоловиќ

Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП