18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗара, Келвин Клајн, Левис - облека со канцерогени супстанции

Зара, Келвин Клајн, Левис – облека со канцерогени супстанции

Еколошката организација „Гринпис“, објави дека за време на производството на облека од големите модни куќи како што се Зара, Келвин Клајн и Левис се ослободуваат хемиски материи кои можат да предизвикаат рак и хормоналните нарушувања.

Активистите на „Гринпис“ во текот на оваа година купиле примероци од облека во 29 земји и региони во светот, од пантолони, кошули, долна облека и фустани, претежно произведени во Кина и во другите земји во развој.

Резултатите од истражувањето биле катастрофални. Во две третини од 141 примерок е откриено присуството на-nonylphenol ethoxylate (НСВ), додека некоја облека содржела и бои кои имааат кацерогени амини.

НСВ често се користи во текстилната индустрија, во детергентите, во многу индустриски процеси и во производството на природен и синтетички текстил. Се излива во канализациите и се разложува во многу токсичен-nonylphenol, кој ја нарушува работата на хормоните.

Модните брендови кои „Гринпис“ ги именуваше се големи производители. Зара годишно произведува 850 милиони парчиња облека, па лесно е да се замисли количината на отров за кој е одговорна текстилната индустрија во земјите во развој, особено во Кина.

Организацијата и на сопствената веб-страница предупредува за извештаите, но исто така од голема помош се и поединците кои се во борба за зачувување на Земјата.

Тие ги повикаа модните брендови да ги заменат опасните хемикалии со побезбедни алтернативи, но и посочуваат на досегашните успеси со другите модни брендови како што се Пума, Најк, Адидас, кои одлучија да го променат производството по притисокот од клиентите.

Како што истакнуваат од „Гринпис“, Зара за сега не реагирала на извештајот, па затоа ги повикуваат граѓаните да бараат од брендот „детоксикација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП