28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗаштедиле 5,7 милијарди евра во 2017-та од меѓусебната соработка

Заштедиле 5,7 милијарди евра во 2017-та од меѓусебната соработка

Една од најголемите светски автомобилски групации „Renault-Nissan-Mitsubishi“, покажа дека синергијата и тоа како се исплати.

Алијансaта на француски „Renault“ и јапонски „Nissan“, во рамките на која поседуваат десетина авто-брендови, заштеди во изминатата година дури 5,7 милијарди евра благодарејќи на споделување на технологиите во рамките на групацијата.

„Renault-Nissan-Mitsubishi“, покрај тие три брендови, под нивната „капа“ се и автомобилските марки „Infiniti“, „Datsun“, „Dacia“, „Alpine“, „Renault-Samsung“ и „AvtoVAZ“.

Сите овие производители меѓусебно соработуваат во процесот на развојот и производството на автомобили со заедничка механичка платформа, компоненти и технологии. Соработката исто така е важна во организациска и финансиска смисла, како и во логистиката.

„Алијансата има директно позитивно влијание на растот на профитот на секој производител кој го поседува“, објасни претседателот на групацијата, Карлос Госн.

„Во 2017-та подобрени се резултатите во работењето на сите три компании (Renault-Nissan-Mitsubishi), вклучувајќи ги и „Mitsubishi Motors“ на која ова е прва цела година во нашата групација“, вели Госн.

„Mitsubishi“ минатата година допринесе со дополнителна заштеда во алијанската која во однос на 2016-та се зголеми за 14% (од 5 на 5,7 милијарди евра).

Карлос Госн планира да го зголеми синергискиот ефект во рамките на групацијата на заштеда од 10 милијарди евра до 2022-ра. Според планот предвидено е и до таа година алијансата да произведе преку 14 милиони автомобили.

Потсетуваме, во 2017-та, групацијата „Renault-Nissan-Mitsubishi“ ширум светот продаде преку 10,6 милиони возила, надминувајќи ги „VW“ и „Toyotа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП