2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАVine го престигнува Instagram

Vine го престигнува Instagram

Vine_0305

Само пет дена откако беше претставена апликацијата за Андроид, „Vine“ го престигна „Instagram“ по бројот на постови на „Twitter“, судејќи по мерењето на компанијата „Topsy“. И додека бројките на „Instagram“ се непроменети во претходните неколку недели, сервисот „Vine“ имам константен раст, а нема сомневање дека претставувањето на апликацијата за Андроид има значајна врска со тие резултати.

Во петокот ликовите од сервисот „vine.co“ се поделени преку 2.5 милиони пати, додека „instagram.com“ е поделен нешто под 2.2 милиони пати на „Twitter“. Од друга страна „Instagram“ и натаму останува напред на листата на Андроид апликации, но без информации од двете страни неможеме точно да знаеме колкав е вкупниот број на корисници на овој сервис.

Отсуството на растот на „Instagram“ сигурно има врска со одбивањето за интегрирање на „Twitter“ листите. Потоа лансирањето на „Instagram web“ профилите дополнително го оддалечи овој сервис од „Twitter“. Од друга страна „Vine“ е во сопственост на „Twitter“ и јасно е дека има доволно простор за популаризација на оваа друштвена мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП