23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку порасна просечната нето-плата во Македонија?

Колку порасна просечната нето-плата во Македонија?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 105.6.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2018, изнесува 23 942 денари и е зголемена за 5.6 отсто во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32.2 %), Преработувачка индустрија (13.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП