1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрвиот работен ден

Првиот работен ден

prv-den

Честито, ја добивте работата! Треба да остварите прва средба со колегите на работното место, имате трема и сте многу нервозни и напнати. Еве еден совет за луѓе кои наскоро ќе станат дел од колективот на некоја компанија.

Опуштете се пред се. Немојте да доцните на работа, туку стигнете пред сите други. Изберете соодветна облека.

На тој голем ден, треба да се запознаете со вашите колеги и да се вклопите во настаните околу нив.

Огромна грешка е да задоцните на првиот работен ден. Тоа веднаш им дава минус на почетниците. Точно е дека како нов вработен не е лесно да се адаптирате со работното време на компанијата, но дефинитивно сакате да ја задржите работата и да добиете подобри односи со колегите. Некои луѓе се случува за помалку од половина час да создадат слика на вас. Значи, бидете опуштени и претприемнички настроени.

Не ви е потребна многу модерна облека, но важно е да се облекувате во согласност со кодексот на облекување на работното место. Вашата облека не е одраз само за вас, туку и за компанијата во која сте вработени. Би било мудро да ги запомните имињата на вашите колеги и шефови. Искористете го првиот ден да започнете добри односи со колективот, бидејќи тоа е многу важно за во иднина.

Со внимание примајте ги инструкциите од вашите шефови и колеги. Изразете го вашиот интерес и подготвеност да напредувате. Доколку имате било какви прашања, не двоумете се. Подобро е да прашувате ако не сте во нешто сигурни, отколку да погрешите без претходно да побарате совет. Не обрнувајте внимание на озборувањата. Со текот на времето, се ќе ви оди многу полесно. Со среќа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП